Утре во ДМУ ,,Тодор Скалоски-Тетоец“-Струга мастер клас со првенката на МНТ, Весна Гиновска Илкова

- Локални
197

Учениците од  ДМУ ,,Тодор Скалоски-Тетоец“-Струга  кои учат соло пеење во класата на професорката Едлира Арифи , утре ќе имаат можност да се претстават пред првенката на МНТ, реномираната оперска певица Весна Гиновска-Илкова.

Во рамки на мастер-класот  што е закажан за 12:00 часот, струшките соло пејачи по изведување на пиесата, од Илкова ќе добијат стручни коментари и совети што ќе им помогнат во нивниот понатамошен музички развиток.

,,На учениците им овозможуваме блиски средби со реномирани музичари кои што ќе им бидат пример, но и дополнителен мотив за работа и школување. Освен што добиваат стручни оценки и совети за нивната работа, на овој начин им ги отвараме вратите за соработка и професионални познанства со значајни музички имиња од Македонија, но и надвор од нашите граници.“-изјави за Strugaonline Димитри Кумбароски, раководоител во струшкото музичко училиште.

Гостувањето на Весна Гиновска Илкова е само продолжение на позитивната пракса која ја спроведува тимот на  ДМУ ,,Тодор Скалоски-Тетоец“. Досега, мастер класови во Струга одржаа норвешката професорка по дувачки инструменти Сисел Грун Дал и професорот по виолина при Музичката академија во Скопје, Михајло Куфојанакис.

Strugaonline

Facebook Коментари