Утре во Охрид дискусии на тема: Гласини, стереотипи и предрасуди за жените со попреченост

- Локални
553

Утре на Факултетот за туризам и угостителство ќе се одржи настан против стереотипите и предрасудите кои како гласини се шират за жените со попреченост.
Присутните низ интеракција ќе може активно да се вклучат во дискусиите на тема гласини, стереотипи и предрасуди за жените со попреченост.


„Бидете дел од овој настан кој ќе се одржи на 7.11.2019, со почеток во 11:00 ч. и приклучете се гласно против гласините за жените со попреченост. “ – велат организаторите од „Гласно против гласини“

Кампањата „Гласно против гласини“ е поттикната од потребата да се стави крај на стигматизацијата на жените во општеството врз основа на приказни и верувања полни со непроверени информации, сомнежи и невистини.

Протагонистки на кампањата се Мартина Димоска, Гзиме Фејзи, Искра Донева и Фатма Бајрам Аземовска. Преку нивните лични приказни кампањата испраќа порака против гласините и стереотипите кои тие, и многу други жени, ги доживеале.

Strugaonline

Facebook Коментари