Утре во Охрид ќе се одржи концертот „Балет со четири раце“ на пијано дуото Нина Костова и Ивона Базгалоска

- Локални
175

Со поддршка на Општина Охрид, утре, петок, а 6-ти октомври 2023 година со почеток во 19;00 часот, во Големата сала на Општина Охрид ќе се одржи концертот „Балет со четири раце“ на пијано дуото Нина Костова и Ивона Базгалоска.

Љубителите на музиката ќе може да уживаат во изведба на прекрасни музички композиции од Чајковски, Рахманинов и Лангер.

-Општина Охрид во континуитет ги поддржува младите музички таленти кои полека но сигурно го трасираат патот кон успехот настапувајќи на големи музички сцени.-стои во соопштението од Општина Охрид.

Strugaonline

Facebook Коментари