Утре во Струга ќе биде отворена изложбата ,,Тоа е што е“ од Ана Трајковска

- Локални
326

Утре во Струга ќе биде отворена изложбата ,,Тоа е што е“ од Ана Трајковска.

Почетокот е закажан за 18:00 часот, во локалот „На Струга дуќан“.

Aна Трајковска е родена 1995 година во Скопје, Р. Северна Македонија. Дипломиран графичар во класата на проф. М-р. Зоран Јакимовски, отсек графика со модул конзервација и реставарција. Магистрира на истиот факултет во 2021г. кај проф. Зоран Јакимовски, смер графика. Главно насочена кон графиката како медиум и различните можности кои може да ги даде, експериментирајќи се обидува да пронајде нов начин на визуелно комуницирање применувајќи ја оваа техника, и интегрирајќи со други медиуми и визуелни форми, трагајќи по начини да ја оддалечи од најзиното традиционално восприемање. Таа има освоено награда од ДЛУМ за изложбата ,,Нови енергии” 2021, добитник на награда за најдобра графика од Агенција за млади и спорт на Р. Северна Македонија. Oва ќе и биде петта самостојна изложба.

Strugaonline

Facebook Коментари