Утре во Враништа свечено ќе се одбележи празникот Св. Петка – вечерна богослужба и концерт на Јордан Митев
По повод празникот на светата преподобномаченичка Параскева – Света Петка, во селото Враништа утре, 7 август (петок), ќе се организира богата духовна и културно-уметничка програма.
Прославата ќе започне со вечерна богослужба во храмот „Св. Петка“, со почеток во 19:30 часот, каде верниците ќе имаат можност молитвено да го одбележат празникот посветен на една од најпочитуваните светителки во православната традиција.
По завршувањето на богослужбата, во 21:00 часот, на спортскиот полигон во село Враништа ќе следува културно-уметничка програма, која ќе биде збогатена со настап на познатиот македонски естраден уметник Јордан Митев.
Организаторите упатуваат покана до сите верници, жители и добронамерници да бидат дел од заедничкото празнично чествување и заедно да ја одбележат славата во духот на верата, традицијата и заедништвото.
StrugaOnline

