Утре започнува зонското паркирње во Струга, ова е ценовникот

- Локални
1086
Од утре (02.06.2021) започнува зонското паркирање во Струга.
– Цените за паркирање на патничките моторни возила во зонското паркирање се:  Екстра зона од 07 -24ч. -40 денари прв час; 30 денари втор час; трет час 20 денари и секој нареден час.
Од 24 -07 часот паркирањето е слободно.
Прва зона од 07 -24ч.- 30 денари прв час; 20 денари втор час и секој нареден час. Од 24 -07 часот е слободно паркирање. Цените ќе се применуваат од 01.05 до 30.09 во тековната година.-информираат од ЕКО-Струга.
Зонското паркирање ќе се применува на два зони во град Струга, и тоа: Екстра зона-А и Прва зона-Б.
Екстра зона го опфаќа паркинг местата: Паркиралиште Центар – „Плоштад на револуција“; Паркиралиште на горно и долно ниво „Градска машка плажа“; Паркиралиште „Пливалиште“-Женска плажа“; Паркиралиште на дел од ул: Димче Ковачески од спојот со ул: ”15 -ти Корпус” до зграда на политички партии; Паркиралиште на дел од ул: „Боро Хаџиески-Путе“ од Музеј „Др Никола Незлобински“ до супермаркет Тинекс
Прва зона ги опфаќа: паркинг местата на дел од улицата „Партизанска“ од Мостот на Поезијата до кружниот тек кој се спојува со улицата „ЈНА“ (од десна страна) и дел од улицата „Партизанска“ од Мостот на Поезијата до „Евро Хотел“ (од левата страна). Паркинг места на дел од улицата „Боро Калајѓиески“ од влезот на Медицински центар до крстосницата со ул. „Славеј планина“ (десна и лева страна); Паркиралиште пред Џамијата „Мустафа Џелеби“; Паркиралиште на дел од улицата „Маршал Тито“, после паркингот за Такси возила до крстосницата со улиците „Пабло Неруда“ и „Јабланичка“. Паркинг место на дел од улицата „Разме Малески“ од спојот со улицата „Војдан Чернодрински“, до спој со улицата „Пабло Неруда“.
Од претпријатието додаваат дека ониe кои нема да пријават паркирање односно нема да испратат смс порака а ги паркирале своите моторни возила на местата определени за зонско паркирање ќе им бидат поставени блокатори или налози и се наплатува секој час според тарифникот и надоместок од 1000 денари за непријавено паркирање.
Strugaonline

Facebook Коментари