На 14 јануари со почеток во 19:00 часот во центарот на с. Ложани ќе се одржи прослава за Стара Нова Година – Василица, за најдобрите 3 маски следуваат парични награди.
За забавата ќе се погрижи групата „Император бенд“ од Охрид, а ќе има и лотарија со среќка од 40 денари (достапна за време на прославата) и награден фонд над 2.000 евра – главна награда: 300 евра.
Ќе има бесплатна храна и вино, василичарско огниште и огномет.
„Повелете да ја прославиме Старата Нова година со музика, радост и забава, порачуваат од василичарското друштво од Ложани.
StrugaOnline
Facebook Коментари