Вечерва во Струга годишен концерт на КУД ,,Илинден“-Струга

- Локални
649

КУД ,,Илинден“ -Струга го најавува 37-ми по ред годишен концерт на кој оваа година ќе имате можност да го проследите само  вокално-инструменталениот  состав кој функционира во склоп на ова културно уметничко друштво.

Концертот ќе се одржи во Центарот за култура во Струга, вечерва со почеток од 20:00 часот.
Програмата и целиот настан е адаптиран на мерките за заштита од Ковид-19.
Поради состојбата со КОВИД 19, ова ќе биде различен концерт за разлика од другите кои се одржаа изминативе години, но со сигурност ќе биде понудена богата програма за публиката.

Во новата нормалност, со иста посветеност КУД Илинден ја продолжува својата традиција.

Strugaonline

Facebook Коментари