Вечерва во Струга изложба со дела од сликарот Владимир Младеновски

- Локални
440

Вечерва со почеток во 19:30 часот на кејот пред Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга ќе биде отворена изложба со дела од сликарот Владимир Младеновски.

На изложбата ќе бидат претставени 30-тина дела со мотиви од Струга и струшко, пејзажи и староградска архитектура.

Најголем дел од неговите слики се со маслени бои на платнени подлоги и имаат впечатливо лапидарна колористика, непроѕирност од складни преливи, најчесто од црвени, жолти, зелени и сини партии.
Во делата на овој македонски сликар, роден во струшкото село Подгорци, пулсира родниот крај каде се овековечува блесокот на боите со сета природна раскош и божја убавина. Студиозно им приоѓа на просторите, објектите, предизвиците и осмислено ги актуелизира најскапоцените и најсуштествените пораки и факти пренесени на платно.
Со сликарската четка на Младеноски опфатени се играта на природата, вистинитоста на животот, старите улици, игрите на сонцето и темнината, моминските солзи, она што плаче и пее, она што се раѓа низ времето и просторот.

Facebook Коментари