Вечерва во Струга трибина на тема ,,Анксиозност-страв, препознавање симптоми“ со невропсихијатарот Бошко Томовски

- Локални
319

Вечерва во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи отворена трибина на тема анксиозност, страв, препознавање симптоми и клиничка слика со специјалистот-невропсихијатар Бошко Томовски.

,,Станува збор за отворена трибина со врвниот доктор по медицина, специјалист по невропсихијатрија Бошко Томовски кој повеќе од четири децении од својот работен век ги поминува во Белград. На трибината доктор Томовски низ примери од своето долгогодишно искуство како невропсихијатар на Клиниката за невро-психијатрија во Белград ќе говори како да се препознае анксиозноста или неоправданиот страв со кои се соочуваат се поголем број граѓани.“-изјави директорката на струшкиот Центар за култура, Николина Велкоска Глигороска.

Почетокот е закажан за 19:00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари