Веслачки Клуб „Црн Дрим” со одлични резултати на меѓународните регати во Пловдив

- Локални, Спорт
1587

Веслачки Клуб „Црн Дрим” – Струга од 31.05.2018год. – 04.06.2018год со свои претставници беше учесник на две меѓународни регати во Пловдив (Бугарија).  Нашите претставници постигнаа одлични резултати.

Во конкуренција на стари јуниорки  Магдалена Карамитреска освио 3-то место, во конкуренција на млади јуниорки Ксенија Краљевска освои 1-во место.
Во конкуренција Пионери(Почетници)
Никола Мариноски освои 2-ро место.
Филип Чабасоски освои 3-то место.
Матеа Чуркоска освои 1-во место.

Учесниците од Струга беа предводени од тренерот Марио Јованоски.

„Голема благодарност до домаќините на овие регати (Клубот “Тракиа” – Пловдив и “Черпоков” – Пловдив)  за прекрасната организација и честитки до сите натпреварувачи за освоените медали !“ – велат од ВК „Црн Дрим“ – Струга

Strugaonline

Facebook Коментари