Вежба на НАТО „Македонија 2021“ за справување со кризи во Охрид и Струга

- Локални
194

Соочувањето на државата со можно сценарио на катастрофален земјотрес што би го зафатил Охридско-струшкиот регион и начинот на искористувањето на своите ресурси, како и помош од партнерите од НАТО во услови кога се исцрпени сите постоечки капациети за справување со кризата, е сценариото на големата вежба на НАТО „Македонија 2021“ што деновиве ќе се одржува на повеќе локации во Охрид и Струга.

На денешната прес-конференција во врска со вежбата беше појаснето дека станува збор за активности во рамки на Агендата на НАТО 2023 за цивилна подготвеност на земјите-членки на Алијансата.

– Република Македонија се’ уште е во кризна состојба по однос состојбата со мигрантите. Летово се соочивме со голем број пожари, а веќе втора година се соочуваме со епидемијата на Ковид-19. Подготвувањето вежба од ваков калибар е голем предизвик, со тестирање на сите национални капацитети како земја домаќин, но и заложбите за демонстрација на подготвеност за организирање ваков голем настан, рече Урим Вејсели, директор на вежбата и одговорен за меѓународна соработка во Центарот за управување со кризи.

Главни цели на вежбата ќе биде тестирање на капацитетите и ресурсите на Системот за управување со кризи, проверка на подготвеноста на т.н. (NICS) – Напреден систем за централно следење и управување со кризи со Команден центар што во реално време ќе може да управува со сите расположиви ресурси на регионално ниво, како и проба на мерката за слободен проток на техника и луѓе преку границите меѓу членките на НАТО во случаи на кризи.

Целиот текст можете да го прочитате на следниов ЛИНК

Извор: Канал 5

Facebook Коментари