Ви ја претставуваме новата песна „Две сестри“ од Ангел Стојкоски, млад музичар од Струга за кого музиката е професионална определба и култура на живеење.
Песната е авторско дело на Златко Миладиноски (музика и аранжман), а текстот го напиша Драган Матески. Спотот за „Две сестри“ го изработи тимот на IN продукција, а песната се снимаше во студиото City Sound.
Ангел Стојкоски има и четири други соло песни кои предизвикаа одлични реакции кај публиката. За Strugaonline вели дека со истиот интензитет на работа ќе продолжи и во иднина. Стојкоски истакна дека е горд што во релативно краток период создаде неколку хитови.
Strugaonline
Facebook Коментари