Викендов ќе се одржи 11-то издание на Меѓународна манифестација „СТРУШКИ КНИЖЕВНИ СРЕДБИ“ 2023

- Локални
376
На 7-ми и 8-ми октомври во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи 11-то издание на Меѓународна манифестација „СТРУШКИ КНИЖЕВНИ СРЕДБИ“ 2023.
Ова е најавената  програма
07.10.2023 (сабота) 18:00 ч. – Центар за култура „Браќа Миладиновци“ Струга (голема сала)
• Поздравно обраќање на манифестацијата „Струшки книжевни средби” на професор д-р Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија
• Промоција на трите тома од книгата „Мојата Струга“ од Наум Бајо
Промотор: Димче Шипинкаровски
Модератор: Верица Мукоска
• Сценски изведби Студио за танц „Бах“ Струга
• Пијано изведба: Кристијан Миладинов
• Доделување на наградите „ПЕТКОВИОТ АМАНЕТ“ за 2023 и тоа:
Награда за „Животно дело“ – Мишо Китаноски
Реч за добитникот на наградата: професор д-р Христо Петрески
Награда за „Автор на годината“ на Македонска Поетска Ризница – Дарко Лешоски
Реч за добитникот на наградата: Димче Шипинкаровски
Награда за „Млад автор на годината”- Емилија Карафилоска
Реч за добитникот на наградата: Верица Мукоска
Награда за „Посебни книжевни достигнувања од странство“ – Лабуд Н Лончар
• Доделување благодарници
Доделување на признанија на застапенете лица/нивни претставници во трите тома од книгата „Мојата Струга“
08.10.2023 (недела)
– Црква Свети Никола – Вевчани, Вевчанските извори
• Поетски хепенинг – настапуваат учесниците на манифестацијата „СКС“
• Под вевчанското ѕвездено небо: Дружба, закуска, вино и поезија
• Свечено затворање на „Струшките книжевни средби“ 2023.
Strugaonline

Facebook Коментари