ВМРО-ДПМНЕ денеска во Струга го избира својот претседателски кандидат

- Локални, Македонија
646

Најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, денеска на партиската конвенција која ќе се одржи во Домот на културата „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе одлучи кој кандидат ќе го поддржи за претседателските избори, во рамките на кампањата „За честита Македонија“.

Кандидати се: Никита Шекутковски – професор, Ѓорѓи Манасков – претседател на Стопанска комора за енергетика, Васко Костов – фармацевт, Влатко Ѓорчев – пратеник, Гордана Силјановска – професор, Илија Димовски – професор во пензија, Филип Петровски – ексдиректор на Архив, Горан Ангелов – директор на „Дрисла“ и Сашо Кутлешовски – професор.

Ќе гласаат 551 партиски делегат, а ќе биде одбран оној кој ќе добие една третина од  гласови, во случај  ако никој нема една третина, тогаш истата вечер ќе има втор круг со двајца кандидати кои имале најмногу гласови

Конвенцијата, со свое обраќање пред делегатите и претседателските кандидати ќе ја отвори  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а потоа ќе се претстават сите девет кандидати.

Strugaonline

Facebook Коментари