ВМРО-ДПМНЕ- Струга со Новогодишна честитка до стружани

- Локални
876

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Стругa, заедно со претседателот на истиот, Мирче Аџиоски,  на сите граѓани на општина Струга и на Република Македонија им ги честитаат новогодишните празници и им посакуваат добро здравје, благосостојба, среќа и успех.

Се надеваме дека во 2019 година ќе ги победиме црнилата кои надвиснаа над нашата татковина и 2019 ќе биде година на една нова визија и проекти во Република Македонија и во општина Струга. “ – велат од ВМРО-ДПМНЕ- Струга

Од партијата, изминатава 2018-та година ја опишуваат како тешка година за стружани.

Зад нас останува  година која беше тешка за стружани, како и за сите граѓани во  државата. Имено, спротивно на животот кој го ветуваа, како во Македонија, така и во Струга, неколку семејства добија честитка- отказ од работа, само поради тоа што не се согласуваат со политиките на СДСМ . Вредно е да се споменат и особено лошите резултати во здравството, судството, социјалната политика, културата, земјоделието, економијата, како и ветувањата за нови инвестиции, фирми и фабрики за стружани, но за жал, до тоа не дојде.“- вели Аџиоски

Од Општинскиот комитет велат дека ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија која и во следната година ќе остане посветена, да работи и да придонесува за изградба на Струга во еден современ и напреден град .

Strugaonline

Facebook Коментари