Спортска академија Охрид врши селекција на ракометари за упис во средно училиште во Спортска академија.
Селекцијата опфаќа ракометари од Охрид, Струга и Дебар и ќе се изврши на 9-ти мај во спортската сала Атина Бојаџи при СРЦ „Билјанини извори” со почеток во 11:00 часот. Собирот и евидентирањето ќе се изврши во истата сала во 10:30 часот. Сите оние кои се заинтересирани, а до сега не се пријавиле истото можат да го направат и во четврток со лична карта и книшка од клубот во кој играат.
Strugaonline
Facebook Коментари