Во недела еко-акција за чистење на сметот во кампот ,,Треска“ во Радожда

- Локални
127

Во недела (19.07.2020) со почеток во 11:00 часот ќе се спроведе еднодневна еколошка акција за расчистување на сметот во кампот ,,Треска“ во село Радожда.

,,Водени од максимата ,,Не можете да извалкате колку што можеме да исчистиме“ добредојдена е помош од секоја вредна рака и свесна глава. Покровители на акцијата се Post Express и Rootboy selector. ,, – информираат организаторите.

Тие додаваат дека за сите учесници во еко-акцијата ќе бидат обезбедени заштитни маски , ракавици и пластични кеси.

Strugaonline

 

Facebook Коментари