Во недела во локалот ,,Дуќан“ хуманитарна изложба за Бојан Крстески

- Локални
357

Во недела во локалот ,,Дуќан“ во Струга со почеток во 14:00 часот ќе биде отворена хуманитарна продажна изложба.

Настанот, што ќе биде отворен за посета за заинтересираните хумани луѓе и наредните денови, има за цел преку изложбена уметничка поставка и продажба на понудените дела да му се помогне на Бојан Крстески да го продолжи своето лекување во Рим.

-Во „Дуќан“ ќе бидат изложени дела и рачни изработки од уметници и креативци од Струга. Во донацијата ќе продонесиме и ние, а праќаме отворена покана и за други локални бизниси кои сакаат да се приклучат кон хуманата иницијатива. Благодариме на уметниците кои безусловно ја прифатија нашата покана.- информираат сопствениците на ,,Дуќан.“
На изложбата ќе биде поставена и кутија за донации.

Facebook Коментари