Во Охрид едукативно се одбележува неделата за борба против СИДА

- Локални
558

Под мотото „ROCK THE RIBBON TOGETHER“ Црвен крст Охрид, Центар за јавно здравје Охрид и „Опција Охрид“ вчера го одбележаа 1-ви декември, Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА. Волонтерите и вработените во овие организации на бројните посетителите на штандот, на околните кафулиња, на минувачите им делеа едукативен материјал, им ставаа црвени панделки на реверите како универзален симбол за постоењето на СИДА-та како болест и како поддршка за оние кои живеат со болеста. Волонтерите ги едуцираа граѓаните со корисни совети за начинот на превенција и заштита од ХИВ/СИДА, делеа презервативи, а во амбулантното возило на Црвен крст Охрид се вршеа бесплатни и доверливи тестирања на присуство на ХИВ вирусот во крвта.
Активностите продолжуваат и во текот на Неделата на борба против СИДА од 1-7 декември 2019 со реализација на интерактивни едукативни работилници за младите, обука на врсничи едукатори за ХИВ/СИДА и тестирање за ХИВ статусот кај младата популација.
И оваа година активностите се поддржани од организацијата Canadian for Children at Health Risk од Канада.
Овој настан беше и можност хуманите луѓе да донираат финансиски средства за помош во лекувањето на нивниот сограѓанин Тачо.

Strugaonline

Facebook Коментари