Во Охрид хуманитарна акција „Купи книга-подобри живот“ за помош на лице со оштетен вид

- Локални
65

Групата младинци од Црвен крст-Охрид која за цел има да му помогне на лице со оштетен вид кое живее во лоши услови, организира уште една хуманитарна акција што под мотото ,,Купи книга-подобри живот“ ќе се одржи денеска и утре.

-Тие ќе продаваат книги од најразлични жанрови, донирани од самите младинци. Собраните средства ќе бидат наменети за помош на лице со оштетен вид, кое живее во лоши услови, информираат од Црвен крст.

Акцијата ќе се реализира на охридскиот кеј во периодот од 11:00 до 14:00 часот.

 Ве очекуваме во што поголем број, порачуватаат од Црвениот крст.

Facebook Коментари