Во Општина Струга се одржа четвртата средба  на Општинскиот совет за безбедност и сигурност на патиштата

- Локални
654

Денесka во просториите на Општина Струга се оддржа четвртата средба  на Општинскиот совет за безбедност и сигурност на патиштата. Средбата се одвиваше по следниот дневен ред:

1) Реализација на предлог мерките за сообраќајна сигнализација во град Струга;
2) Режимот и промените на режимот на сообраќај во град Струга со посебен акцент на сообраќајниот проект, мислењето на СВР-Охрид од 2018 година, а во врска со член 348 од ЗБСП;
3) Именување на Претседател на ОСБСП – Струга;

На средбата се дискутираше за поставување на вертикална сингнализација по улиците каде што е потребно и  за новит режим. Решението за измена на собраќајниот режим ( едносмерен режим во неколку улици) беше прифатено како легитимно и функционално во однос на одвивањето на сообраќајот и како такво ќе продолжи да се спроведува.

Помошник командирот надлежен за сообраќајот при ПС – Струга, Велковски, изјави дека сообраќајот во овие улици досега се одвива без пречки.

Што се оденсува на третата точка, членовите на ОСБСП со седум гласови “за” го избраа Ламбуш Велковски како претседател на ОСБСП, кој ќе ги води наредните седници.

„ОСБСП ќе продолжи со ваквите средби, секогаш во интерес на граѓаните за подобрување на одвивањето на сообраќајот.“ – велат од Општина Струга.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари