Во Општина Струга се одржа Прва средба со мешовитиот експретски тим од Обединитети Нации, УНЕСКО, УНДП и УНЕП и експерти од Македонија

- Локални
604
Во општина Струга се одржа работен состанок со мешовитиот експертски тим за изработка на Студијата за оправданост за урбанистичкиот план за крајбрежниот појас на Охридското Езеро, предводен од истакнат експерт поддржан од УНЕСКО, г-ѓата Џејн Томсон.
Соопштението од Општина Струга на оваа тема, ви го пренесуваме во целост:
Целта на овој работен состанок беше подетално запознавање на главните заинтересирани страни со процесот на подготовка на Студијата и примена на GIS алатка за прибирање, презентирање и управување со податоците во рамките на природното и културно наследство на Охридскиот регион.
Имено, овој состанок се заснова на Иницијативата на Работната група за подготовка на урбанистички план од државно значење за крајбрежниот појас на Охридското Езеро, формирана од Владата на РСМ, која има за цел да одржи повеќе состаноци во Охридскиот регион.
Поради ова, се одржа средба помеѓу градоначалникот, д-р Рамис Мерко и сорабтниците од областа на урбанизмот, заштитата на природната средина, културното наследство и туризмот, како и локалниот економски развој, со мешовитиот експертски тим, во соработка со г-ѓа Менка Спировска, координатор на националниот експертски тим за Студијата.
Сакаме да истакнеме дека на средбата, покрај експертскиот тим присуствуваа и претставници од агенциите на Обединетите Нации, односно г-дин Матео Розати од Регионалното биро за наука и култура на УНЕСКО и претставник од УНЕП или УНДП тимовите во земјата, кои го помагаат процесот на подготовка на Студијата од финансиски и логистички аспект.
Со најголемо задоволство мора да истакнеме дека претставниците на овој мешовит експертски тим од домашен и меѓународен карактер е единствениот кој организирал ваков работен состанок во Струга, тим кој сериозно и со најголемо внимание ги слушнал нашите барања и потреби, кој реално ја оценил целокупната состојба со Охридскиот регион, и за делот од Струга, но и тим кој вистински ги дава на располагање сите свои човечки ресурси за успешна изработка и реализација на студијата за урбанистичките планови за крајбрежјето на Охридското Езеро.
Ова беше лично истакнато од сите присутни експерти од мешовитиот тим, особено од г-ѓа Џејн Томсон со нејзината и нашата визија за тоа каква ќе биде Струга во следните четириесеттина години, но и од г-дин Матео Розати, кој се заложи за воспотавување дијалог помеѓу органите на ОН и општината со нејзините граѓани заради помагање и олесување на процесот на социо-економскиот развој и заштитата на животната средина.
За жал, мора да истакнеме дека најголемиот дел од проблемите и потешкотиите кои настанаа и сеуште постојат во Охридскиот регион произлегува од Општината Охрид и нејзините раководители, кои постојано, под патерицата на од нив платени медиуми, организации и лобисти, ја напаѓаат нашата општина за секаков аспект во секое време и место, без никакви аргументи.
Општина Струга, најодговорно и најпрофесионално ги извршувала, ги извршува и ќе ги извршува сите обврски спрема задолженијата кои произлегуваат од мониторинг мисијата на УНЕСКО и од заклучоците од Самитот на УНЕСКО. Ова го потврдува и еден од членовите на мешовитиот експретски тим, кој меѓу другото, образложи дека Општина Струга, спрема УНЕСКО, ја одржува на највисоко ниво заштитата на животната средина, во делот од Струга, но и тоа дека сите инсинуации, шпекулации и напади се невистинити за Струга и за Општина Струга, а тие доаѓаат токму од медиумите и од Општина Охрид.
Извор и фото: Општина Струга

Facebook Коментари