Во петок ќе се одржи 34-то издание на фестивалот ,,Охридски староградски средби“

- Локални
312

Во петок, 16-ти септември пред платото  на НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид ќе се одржи 34-то издание на фестивалот Охридски староградски средби.

-Охридски староградски средби е фестивал во организација на Националната установа Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид што ги афирмира вредностите на староградскиот мелос и ги обновува по долгогодишна пауза старите добри градски музички традиции. Програмски квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века. Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови.-информираат организаторите.

Почетокот е закажан за 19:00 часот, а влезот е слободен.

Strugaonline

Facebook Коментари