Во петок ќе се одржи форум за утврдување на приеоритети за работа на ЛЕСС-Струга

- Локални
92

Центарот на заедницата на општина Струга  во соработка со Општина Струга организираат Форум за утврдување на приеоритети за работа на Локалниот економско-социјален совет на општина Струга (ЛЕСС Струга ) за 2021 година.

Настанот ќе се одржи во петок, 25-ти септември  2020 година од 10:00 часот до 13:00 часот во летната бавча на хотел Дрим, Струга .

Целта на настанот е да се зајакне и поддржи работата на Локалниот економско-социјален совет на општина Струга со тоа што ќе се овозможи дијалог на членовите на ЛЕСС Струга со заедницата, односно со сите засегнати страни, да се генерираат идеи и да се направи приоритетна листа на проблеми и потреби на локално ниво кои се планира да бидат вклучени во програмата за работа на ЛЕСС Струга за 2020 година.

Центарот на заедницата на општина Струга го реализира настанот во соработка со Младинскиот културен центар – Битола во рамките на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата” со поддршка на Меѓународниот центар Олоф Палме од Шведска.

Strugaonline

Facebook Коментари