Во петок премиера на театарската претстава „Премотај и почни одново“ во Младински центар-Охрид

- Локални
56

Во петок, 19-ти април, во 20:00 часот во просториите на Младинскиот Центар Охрид во склоп на театарскиот клуб од Младински Центар Охрид, ќе биде одиграна премиера на  претставата „Премотај и почни одново“ .

Станува збор за адаптација на едночинката „Bang Bang You’re Dead“ од Вилијам Мастросимон од 1999 година и е длабоко испитување на културата што може да предизвика насилство во современото општество, и потресна интроспекција на последиците од тоа насилство.

-Оваа драма не е само уште едно сценарио што го избравме случајно. Тоа е огледало што ги одразува проблемите што ги мачат нашите училишта и заедници. И затоа избравме да ја оживееме оваа претстава. Не само за забава, туку и за едукација. Ние веруваме дека театарот има моќ да поттикне разговори, да направи промени. Со влегувањето во чевлите на овие ликови, се надеваме дека ќе фрлиме светлина врз темнината што нè опкружува. Сакаме да ја предизвикаме стигмата. Да ги срушиме бариерите кои нè спречуваат да подадеме рака, да бараме помош. Но заедно, преку уметност и емпатија, можеме да направиме разлика.-информираат организаторите.

Продукцијата е на Младински Центар Охрид, сценарио и режија: Јован Цветкоски, играат: Лука Доленц, Дафина Дејкоска, Сара Петкоска, Марио Ѓорески, Ивона Тасеска, Лија Камбер, Борче Исакоски, Исидора Митревска, Лора Јонческа, Лина Јоноска, Теона Талевска.

Влезот е бесплатен, а местата се ограничени за што потребна е претходно резервација на социјалните мрежи на Младинскиот центар во порака.

Strugaonline

Facebook Коментари