Во петок во Охрид ќе се прикажува филмот ,,Недеља“ посветен на Џеј Рамадановски

- Локални
140
На кино репертоарот на Центарот за култура ,,Григор Прличев“ во Охрид, овој петок, 29-ти март, ќе се прикажува  биографскиот филм посветен на животот на Џеј Рамадановски-„Недела“.
Содржина: Филмот „Недела“ го следи животот на еден од омилените пејачи на овие простори, Џеј Рамадановски. Инспириран од вистински настани, ја раскажува приказната за Џеј од најраната младост до големиот успех што го оствари. Иако немал лесно детство, кое главно го поминал на улица и во поправен дом, Џеј успеа да го заземе своето место на музичката сцена и преку песна да стане дел од животот на многумина.
Режија: Немања Ќераниќ и Милош Радуновиќ
Улоги: Хусеин Алијевиќ, Марко Јанкетиќ, Стефан Вукиќ, Алексеј Бјелогрлиќ, Ален Селими, Ана Пиндовиќ, Златан Видовиќ
Карти во продажба на билетара по цена од 150 денари од понеделник 25-ти март.
Стартот е закажан за 20:00.
Strugaonline

Facebook Коментари