Во понеделник во Вевчани јавна дебата на тема „Родова еднаквост и Социјална заштита во Вевчани“

- Локални
270

Во понеделник, 27-ми февруари со почеток од 13 часот во просториите на Општина Вевчани или Мултикултурен Центар Вевчани ќе се одржи јавна дебата на тема „Родова еднаквост и Социјална заштита во Вевчани“ .

Учесници на дебатата ќе бидат претставници од општината, Локалната агенција за развој – Струга, тимот „Низ женски леќи“, локалните граѓански организации како и пошироката јавност.

Во периодот март 2022-септември 2023-та година,  граѓанската организација Локална Агенција за развој – Струга, го имплементира проектот “Родова анализа на програмите за социјална политика и еднакви можности во општина Вевчани” во рамки на програмата за подгрантисти на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост “.

-Локалните дебати во голема мера ќе придонесат за поголема транспарентност на процесот на родово одговорно буџетирање од страна на локалните самоуправи, но и ќе им овозможат на граѓанските организации да ги претстават своите модели на политики и препораки. На овој начин, на граѓаните ќе им се даде можност да учествуваат во процесот на донесување одлуки и во следењето на спроведувањето на овие политики.-информираат организаторите.

Јавните дебати се одржуваат во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“ финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Центарот за истражување и креирање политики, Лулуди, Рурална Коалиција, Новинари за човекови права и ЕХО-Штип.

Facebook Коментари