Во понеделник започнува десеттото издание на Фестивалот на народна музика ,, Пображење“ во Вевчани

- Локални
532

Oд 17-ти до 19-ти август во Вевчани ќе се одржи десеттото издание на Фестивалот на народна музика ,, Пображење“. На првиот фестивалски ден свеченото отварање е закажано за 19:30 часот во центарот на Вевчани. Во склоп на отварањето на присутните ќе им се обрати Проф.Д-р Мирјана Мирческа ,претставник на организациониот одбор на фестивалот. Потоа ќе следува настап на пејачката група ,,Каданка“ и Оркестар ,,Зурли и тапани”.

Во 20:00 часот во Анфитеатарот ќе биде отворена изложбата ,,1000 години Бигорски манастир“.

На 18-ти август (вторник) ќе биде Вечер посветена на традиционална музика и песна со ,,Ансамбал“ Македонија.

На 19-ти август ќе настапат домаќините, КУД ,,Дримкол“-Вевчани како и културно уметнички друштва од Битола, Скопје, Србија, Франција и Мексико.

Во склоп на фестивалот во Вевчани ќе гостува и ликовниот уметник Даниел Тодоровски , неговото гостување е во рамките ,, Народната култура во Вевчани инспирација за ликовните уметници”.

 

Facebook Коментари