Во сабота во Струга ќе се прикажува филмот ,,Света Петка крст во пустина“

- Локални
2277
Филмот на Хаџи-Александар Ѓуровиќ – Света Петка крст во пустина – според бестселер романот „Петкана“ на Љиљана Хабјановиќ-Ѓуровиќ, на 11.11.2023г.(сабота), со почеток во 18:00 часот, ќе се прикажува во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга. Влезот е 100 денари.
-Побожната девојка Параскева, го напушта својот живот меѓу луѓето од Константинопол и тргнува кон Јорданската пустина, каде ги поминува следните 40 години од својот живот, борејќи се со искушенијата, гревовите и внатрешните демони. Го следиме нејзиниот пат од обична девојка до најсканата и напочитуваната светица на Православието.-стои во описот на содржината на филмот.
Играат: Милена Предиќ, Милица Стефановиќ, Филип Хајдуковиќ, Јадранка Селец, Даниел Сич, Бранислав Томашевиќ, Андреј Шепетковски и Младен Совиљ.
Strugaonline

Facebook Коментари