Во сообраќајна незгода повредена 63-годишна жена во Струга

- Локални
1639

На 30-ти мај 2024 година, во 10:20 часот во ОВР Струга било пријавено дека на улицата „Пролетерски Бригади“ во Струга, 66-годишно лице од струшкото село Октиси, откако го паркирал патничкото возило марка „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, отворајќи ја предната врата удрил во велосипед управуван од 63-годишна жена од Струга.

– Во несреќата, жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга, информираат од МВР.

Извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари