Лев банер Десен банер

Во Струга доделени 832 картички за зелена нафта во вредност од над 7 милиони денари

Вкупно 832 земјоделци од струшкиот регион добија картички за зелена нафта, во вкупна вредност од 7.008.405 денари. Распределбата се одржа денеска во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Струга.

На активноста присуствуваше и заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, кој ја истакна важноста на директната финансиска поддршка за земјоделците, особено во насока на намалување на трошоците за земјоделското производство.

Со мерката за зелена нафта земјоделците добиваат финансиско олеснување при набавката на гориво за користење на земјоделската механизација, со што се намалува финансискиот товар и се создаваат подобри услови за работа.

Оваа поддршка има за цел да придонесе кон зголемување на ефикасноста на земјоделското производство, како и зајакнување на домашното земјоделство.

Од Министерството посочуваат дека продолжуваат со спроведување на мерките за финансиска поддршка на земјоделците, со цел унапредување на производството и создавање подобри услови за развој на земјоделскиот сектор.

StrugaOnline

error: