Во Струга и годинава, традиционално се одржа Модниот ден 2016

- Забава, Локални
3252

bah2Во Струга и годинава, традиционално се одржа едно од најинтересните предновогодишни случувања во нашиот град, Модниот ден 2016, кој е во организација на Студиото за танц Бах. Настанот успешно се организираше по четврти пат, на 23 декември во хотелот Дрим во Струга. Необично убави модни ревии, балетски точки од студиото Бах и музички настапи на Дарко Илиевски, Shine, диџеј Face и Стружанката Бети Зулали беа во програмата за оваа година.

bah3Преубав настан во стилот на студиото за танц, со необични модни ревии и show dance точки, мала предновогодишна забава за децата кои членуваат во студиото, нивните родители, како и пријателите на „Бах“.

bah1     bah7

Како и изминатите години и овојпат се поделија многу изненадувања, подароци и награди за присутната публиката. Додека некои седат и критикуваат дека во Струга скоро ништо не се случува, студиото кое е гордост на градот со години органзира врвни и беспрекорни настани и танц концерти за Стружани и прави среќни многу деца и родители од овој град.

bah12     bah4

Нека се множат вакви успешни настани во градов! Секоја чест девојки и момци од БАХ!

bah10

bah8

bah6

Facebook Коментари