Во Струга и Охрид МВР ја спорведе новата превентивна кампања за безбедност на пешаците

- Локални
535

МВР, заедно со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност од Скопје викендов во Охрид и Струга спроведоа активности во рамки на новата превентивна кампања за безбедност на пешаците „И јас и ти- сите сме пешаци! Безбедноста на прво место!“.

Минатата 2021-ва е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а податоците од првото тримесечје во 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на значително намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи, информираше помошникот на министерот за односи со јавност во МВР Тони Ангеловски.

– Сите заеднички мора да го подигаме нивото на сообраќајната култура. Токму како резултат на активностите што ги спроведуваме изминатите години евидентен е трендот на опаѓање на бројот на жртви во сообраќајот кој секоја година се намалува, но, се разбира, и една жртва за нас е многу, па затоа продолжуваме интензивно да работиме за уште повеќе да ја намалиме оваа бројка. Минатата 2021 година има 116 жртви и тоа е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а податоците од првото тримесечие во 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи. Во првите три месеци од 2022 година има 18 жртви, што е за 10 помалку споредено со истиот период лани, кога имало 28. Само во месец март 2022 година имаме четири жртви, а во март 2021 имало 16, што е бројка дури четири пати поголема од март 2022, соопшти Ангеловски.

На подрачјето на СВР Охрид во март годинава нема ниту една жртва, а во март 2021 година имало четири жртви во сообраќајот.

Ангеловски истакна дека покрај превентивните акции, продолжуваат и со засилените акциски контроли за санкционирање на оние учесници во сообраќајот што не ги почитуваат правилата.

Facebook Коментари