Во Струга има 190 активни случаи на КОВИД 19

- Локални
504

Во интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, во кои делува, од охридскиот Центар за јавно здравје објавуваат билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа.

Податоци за периодот од 1 до 7-ми јули 2020 година:

– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 247 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.
– Од вкупно земените материјали, 191 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 56 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар „Мој термин“
– Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 64 лица и тоа кај 25 лица од општина Охрид, кај 24 лица од општина Струга и кај 15 лица од општина Дебар.
– Активни случаи во Охрид се 86, во Струга 190, а во Дебар 119.
– Во овој период оздравени се 19 лица од Охрид, 28 лица од Струга и 3 лица од Дебар
– Во овој период починати се 1 лице од општина Охрид, 1 лице од општина Струга и 1 лице од општина Дебар.

 

Од почетокот на епидемијата до 7-ми август 2020:

– лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 977 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 294 лица во општина Охрид и Дебрца, 473 лице во општина Струга и Вевчани и 210 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
– оздравени пациенти од Охрид се 205, од Струга се 253, а од Дебар и Центар Жупа се 82 пациенти
– од општина Охрид и Дебрца има 8 починати пациенти, од општина Струга се починати 44, а од Дебар и Центар Жупа се починати 6 лица

– Коронавирусот е се’ уште меѓу нас и во локална трансмисија циркулира со несмален интензитет.
Коронавирусот го пренесуваат луѓето кои не се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од COVID-19. Во овој момент, единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго придржување и примена на превентивните мерки за заштита од COVID-19:

– правилна употреба на заштитна маска
– одржување на социјално-физичка дистанца на растојание не помало од 2 метри
– избегнување на јавни собири и групирања
– често миење/дезинфекција на рацете

Извор и фото: ЦЈЗ

Facebook Коментари