Во Струга одбележан денот на Црвен крст и крводарителите, бројот на крводарувања минатата година достигна 2315 крвни единици

- Локални
634

Денеска во Струга беше одбележан денот на Црвен крст и Денот на крводарителите што инаку се одбележува на 17-ти март.

На денешната свечена седница беа доделени благодарници за педесет, дваесет и пет, десет и петкратно дарување крв.

На овој ден, благодарност се упатува до крводарителите кои несебично даруваат крв за да спасат живот и на тој начин ја покажуваат својата хуманост.

Во 2018 година, Црвен крст – Струга го реализираше планот за крводарување, бројот на крводарувања минатата година   достигна 2315 крвни единици.

Крводарителска акција се одржа и денеска, пред почетокот на свечената седница.

Strugaonline

Facebook Коментари