Во Струга одбележан Меѓународниот ден на Ромите

- Локални
672

По повод Меѓународниот ден на ромската заедница, ромските здруженија организираа низа активности во центарот на Струга, што ги одразуваат ромските традиции, култура и историја низ годините.

„8-ми  април служи за да нè потсети дека и ромската заедница е дел од нашето општество, па затоа мораме да ги поддржиме и да им дадеме можност да се вклучат како и сите други. Почитувани граѓани од ромска националност, нека Ви е честит празникот!“ – велат од Општина Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари