Во Струга одбележана годишнината од формирањето на шестата ударна бригада

- Локални
672

На денешен ден на 6 септември 1944 година, пред 77 години во Караорман во месноста „Рудина“ формирана е шестата македонска народноослободителна бригада.

По положувањето на свежо цвеќе на споменикот на Револуцијата во Струга, претседателот на боречката организација Ајредин Мемети присутните прво ги запозна дека поради неповолната здравствена состоијба со ковид-19 кај нас,не сме во состојба да го изведиме планираниот планиски марш и посета на историските места во  Караорман ,каде што е формирана бригадата,а исто така е непреоден патот до овие места.Потоа ги запозна со борбрниот пат на шестата македонска народна бригада,што рече:

Формирањето уследи по приливот на поголем број борци од Првата македонска народноослободителна ударна бригада,а со Одлука на Главниот штабна НОВ и ПО на Македонија.

Бригадата во своето основање броеше оклу 1000 борци,а за потребата и значењето на нејзиното формирање говорел претставникот на Главниот штаб,Видое Смилески-Бато.

Штабот на бригадата беше составен од искусни борци,дотогаш припаднници на Првата макдонско народноослободителна ударна бригада,а имено,командант: Драган Ѓорѓевиќ-Алија,заменик на командантот Захарије Трајкоски – Брко,политички комесар Киро Сотировски – Строгов и заменик Младен Милошески.Во поширокиот состав на Штабот на бригадата беше и Милица Лукиќ,одговорна за санитетот.

Веднаш по формирањето,уште наредниот ден,на 7- ми септември бригадата тргнува кон Крушево да ги ликвидира бугарските позиции кај Црско,а потоа да го ослободи Крушево.Во Крушево Бригадата се омасовува со нови борци,а потоа добива нова борбена задача да ги разбие непријателските сили на потегот Кичево-Полпг,а потоа да дејствува на просторот Сува Гора каде по тешки пресметки со балистичките сили избива на комуникација Скопје-Тетово за натамошно дејствување.На 18 ноември заедно со Првата,Четвртата и Петнаесеттата бригада учествува во ослободување на Гостивар.

На 15-ти декември истата година,бригадата се дислоцира во Кичево,со едн баталјон во Дебар,дејствуваќи притоа во состав на 49-та дивизија на НОВ на Македонија се до ослободувањето на земјата,рече Мемети.

Текст и фото:Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари