Во Струга одбележани 77 години од смртта на Кузман Јосифоски-Питу

- Локални
458

Во организација на ОО на СЗБ вчера во Струга беше одбележана 77-годишнината од смртта на Кузман Јосифоски – Питу, еден од главните организатори на антифашистичкото движење (1938-1941) и на НОБ во Македонија (1941-1944).

Делегација предводена од претседателот на ОО на СЗБ-Струга, Ајредин Мемеди,како и делегацијата на ЗП Струга, и други граѓани положија цвеќе на бистата на Питу  поставена од 1944 година пред куќата на Владо Малески и спомен плочата  на улица ,,Браќа Миладиновци“ ,каде што престојувал Питу за време на неговата посета во Струга. На церемонијата за положување свежо цвеќе, се почитуваа сите мерки и препораки за заштита од вирусот ковид 19 , пропишани од здравствените власти.

Питу имал голема верба во Струга и стружани,но и многу ја сакал.На неколку пати доаѓал во Струга,во строга илегалност и притоа им давал задачи на МК на КПЈ и СКОЈ.

На денот што за неговиот народ и неговата земја стана најсветол ден, Илинден,на предлог на Маршалот Тито, меѓу првите во Македонија.Кузман Јосифоски – Питу е прогласен за народен херој на Југославија.

Кузман Јосифоски – Питу е роден во Прилеп на 15 јуни 1915 година.По завршувањето на гимназијата во Битола, студирал на Правниот факултет во Белград каде штое е во раководството на напредната студенска младина. Учествува во организирањето на македонското студенско друштво „Вардар“,во кое пресудно влијание имаат студенските комунисти.По окупацијата од новото партиско раководство на Македонија е испратен во нејзиниот западен дел за да го организира Народното ослободително движење.На овој терен успесите на Кузман се огромни. Загинува на 29 – годишна возраст во Скопје.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

 

Facebook Коментари