Во Струга одбележани 77 години од смртта на Нико Нестор

- Локални
889

Членовите на основната организација на борците од Струга по повод 77 години од трагичната смрт на младиот студент и секретар на МК на КПЈ-Струга-првоборецот Нико Недстор и 102 години од неговото раѓање, денеска положија свежо цвеќе на споменикот во паркот пред зградата на ОО на СЗБ-Струга, потоа делегацијата положи цвеќе и на бистата во дворот на средношколскиот центар што го носи името на овој револуционер, додека пак Миле Попоски директор на СУЦ,  приреди скромен коктел во простриите на училиштето.

-Меѓу плејадата млади македонски интелектуалци кои  во текот на Народноослободителната борба ги положија своите животи за слободата  на својот народ, Нико Нестор зазема едно од најистакнатите места,-изјави Ајредин Мемети, претседател на ОО СЗБ-Струга.

Останувајќи сираче без мајка и татко, Нико уште во најмладите години ќе го понесе товарот на макотрпниот живот и под ретко тешки услови ќе успее да го заврши своето средно образование за во 1939 година да стане студент на правниот факултет на Белградскиот универзитет. Непомирливиот противник против владечката класа, Нико во Белград категорички ќе одбие да прими било какава стипендија,иако таква можност имал,бидејќи стипендиите се давале условно.

По капитулацијата на Југославија Нико брзо ќе се најде во својата родна Струга каде како доследен револуционер меѓу првите ќе се влкучи и ќе ја поведе илегалната борба на Партијата за организиран отпор со решителна борба против окупаторот .Нико Нестор со посебен револуционерен жар ќе продолжи со својата револуционерна активност,така што ќе успее за кусо време во најконспиративни услови на револуционерен план да ја мобилизира целокупната младина на Струга.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари