Во Струга одбележани 79 години од денот на ослободувањето

- Локални
595

Со полагање свежо цвеќе пред Споменикот на револуцијата на плоштадот во Струга и на бистите на паднатите борци на кејот на реката Црн Дрим, како и на спомен обележјата на паднатите борци од НОБ, членовите на боречката организација во Струга го одбележаа Денот на ослободувањето на градот.

Претседателот на боречката организацина од Струга, Ајредин Мемети, кој беше организатор на одбележувањето прв положи свежо цвеќе и им оддаде почит на сите учесници во НОБ против фашистичкиот окупатор.

,,Оставаме аманет на следните генерации да го чествуваат и почитуваат овој голем ден, така им оддаваме чест на сите кои ги положија животите за слободата на Струга,  на борците од Втората светска војна, борците  кои ги дадоа своите животи за слободна и самостојна Македонија. Се поклонуваме на оние кои се изборија за слободен град, се поклонуваме пред нивното херојство и нивното жртвување.  Ветуваме дека како генерација ќе се грижиме за почитта кон нив, никогаш да не  бидат заборавени.“ – изјави Мемети.

Свежи цвеќиња положија и делегации на  Општина Струга, АРМ, политички партии, здруженија на граѓани, поддржувачите и почитувачите на делото на Јосип Броз Тито, делегација на Здружението на пензионери и ученици од основните училишта од градот  како и претставници на  јавниот живот.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари