Во организација на Општина Струга вчера се одржа првиот езерски базар под мотото „Боите на Струга – Култури кои се среќаваат“.
На истиот учетвуваа сите заинтересирани локални домашни производители, изработувачи на рачни изработки, хотели, ресторани и слично кои ги презентираа своите бизниси, а посетеност од истите имаше и од други општини.
На настанот пред учесниците и граѓаните на општина Струга, поттикнат и организиран од Координарките за еднакви можности на жените и мажите, се обратија кон учесниците, гостите и граѓаните и кажаа дека го организираат за прв пат, со надеж дека ќе прерасне во традиција во иднина.
Истакнаа дека целта на настанот е промоција на локалните бизниси и на културните разлики во нашиот град, со што денес сите заедно овде ќе кажеме ДА за ТОЛЕРАНЦИЈА по пол, раса, етничка припадност, социјални разлики, политички припадност.
StrugaOnline
Facebook Коментари