Во Струга сакнкционирани 14 пешаци, со пајак подигнати седум возила

- Локални
411

На 09.03.2021 година во периодот од 08 до 13 часот на подрачјето на СВР Охрид, спроведена e акциска контрола на прекршоците што ги прават пешаците во сообраќајот. Притоа, полициските службеници затекнале 39 пешаци кои сториле небезбедно преминување на улица и преминале коловоз надвор од пешачка патека (Охрид-11, Струга-14, Кичево-10, Дебар-04). Тие се соодветно санкционирани. При сообраќајната контрола, полициските службеници од Охрид санкционирале 12 возачи поради непрописно запирање и паркирање на возилата, додека полициските службеници во Струга со специјално возило „пајак“ подигнале седум непрописно паркирани возила.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари