Во Струга се одржа обука на тренери за врснички едукатори за превенција од трговија со луѓе

- Локални
564

Во Центарот за обука на кадри „Солферино“ во Струга, од 21-ви до 24-ти август се одржа работилница за обука на тренери за врснички едукатори за превенција од трговија со луѓе со акцент на миграции.

-На работилницата учествуваа вкупно 11 претставници од ООЦК на територија на град Скопје, ЦКГС, ООЦК Битола, ООЦК Куманово и претставници од мобилните тимови ангажирани во транзитните центри во Винојуг и Табановце. Во текот на обуката најпрвин се стави акцент на значењето на примената на методологијата на врсничка едукација во програмите кои директно се однесуваат на здравјето и безбедноста на младите. Сесиите беа спроведени согласно прирачникот за врснички едукатори на Црвен крст на РМ кој е во согласност со „Стандарди за врсничка едукација“ на Светска Здравствена Организација и прирачник за борба против трговија со луѓе на Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина. Детално се разработуваа видовите на трговија со луѓе, фазите, мерките на претпазливост како и методи на превенција, а исто така беа претставени и Стандардните оперативни процедури за постапување со жртви во државата како и системот на борба против трговија со луѓе на Република Македонија, информираат од Црвен крст на Република Македонија.

Strugaonline

Facebook Коментари