Во Струга се одржа Послание во чест на писателот Петко Шипинкароски

- Локални
494

Денеска во 12:00 часот во Домот на културата „Браќа Миладиновци“ во Струга во организација на Културнио т центар„Бран“ – Струга и Меѓународната ревија за литература „Бранувања“ , се одржа Послание во чест на писателот Петко Шипинкаровски (1946-2020). Посланието го водеше Мишо Китаноски, а презентер беше Верица Мукоска.

На Посланието беа промовирани двете постхумно објавени книги: поемата „Обденица“ и збирката раскази „Вечен живот“.

Поемата „Обденица“ беше промовирана од проф. д-р Димитар Пандев, а за збирката раскази „Вечен живот“ , говореа проф. д-р  Даниела Андоновска – Трајковска и проф.   д- р Весна Мундишевска – Велјановска. Беше истакнато дека Петко Шипинкаровски беше голем посветеник на македонската литература. Многу енергичен човек со обемно литературно творештво кој даде голем влог во ревијата „Бранувања“ и меѓународната манифестација „Струшки книжевни средби.“ Зад себе остави отпечатени преку 30 книги. Шипинкаровски во сосвојата литературна дејност носеше живост и свежина во културниот живот и изгради книжевни врски со многу негови соработници од повеќе земји .Несомненo, неговото заминување е празнина во македонскиот литературен простор.

На денешниот настан настапија  познати македонски автори, кои читаа песни посветени на Петко Шипинкаровски.

Пред крајот на посланието, во знак на почит и влог во реализацијата на програмите, главниот организатор Димче Шипинкаровски изрази  посебна благодарност до: Министерката за култура Ирена Стефоска;,,Друштвото на писатели на Македонија” ; ,,Здружението на новинари  на  Македонија’’; ,,Друштвото на писатели наСрбија’’;,,Книжевното друштво наКосово и Метохија“ (каде беше  почесен член); ,,Сојузот на независни писатели на Бугарија’’ (каде беше надворешен член) ; ,,Здружението на писатели „Седумка“ од Франкфурт“ ; „Хрватското книжевно друштво од Риека”, како и до други истакнати поединци. Од негова страна ,им беа доделени и Златни благодарници на добитниците.

На крајот од посланието, беше разгледана и изложбата на   портрети и фотографии од животот на Петко Шипинкаровски, како и насловните страници на ревијата „Бранувања“.

Текст: Димче Шипинкароски

 

Facebook Коментари