Во Струга се одржа Симулациска вежба ,,Евакуација на ученици во случај на собраќајна незгода со последица пожар”

- Локални
224
По повод 8 Мај, Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина како и 20 Мај, Денот на Пожарникарите во просториите на СОУ Др Ибрахим Темо и СОУ Нико Нестор Струга се одржа Симулациска вежба, ,,Евакуација на ученици во случај на собраќајна незгода со последица пожар”.
,,Во реализацијата на оваа активност, свој придонес дадоа волонтерите од Црвен крст со два тима кои симулираа реанимација како и изгореници на настанатиот пожар, спасување и евакуација на повредени лица во школски автобус.,,-информираат организаторите.
Додаваат дека Целта на вежбата беше проверка на процедурите за евакуација во самата работна организација како и успешниот настап од страна на пожарникарите кои го подготвуваа теренот за пристап на волонтерите на Црвен крст.
Во оваа акција вклучени беа ПС Струга и ЈЗУ Општа болница Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари