Во Вевчани поставени контејнери за електричен отпад

- Локални
152
Општина Вевчани и ЈП Еремја Вевчани во соработка со Нула Отпад ДОО Скопје започнува со собирање и селектирање на електричен и електронски отпад, како и на отпадни батерии.
Со новите контејнери за собирање електричен отпад, правиме значаен исчекор во нашите напори за промоција на одржливоста и заштита на животната средина.
Поставени се 2 контејнери за фрлање на електричен и електронски отпад на локација кај пазарот во Вевчани.
– На самиот контејнер има инструкции за користење, како и список на дозволени видови на отпад, кои може да се одлагаат во него: батерии, мобилни телефони, мали куќни апарати како миксери, тостери, фенови, мали монитори, статични и преносни компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници и други слични уреди. Вaжно е  е да напоменеме дека контејнерите не се наменети за комунален отпад, стакло, хартија, пластика, облека и слични материјали.- велат од ЈП Еремја Вевчани
Овој систем, треба да придонесе за намалување на опасниот отпад на улиците, дивите депонии што се создаваат покрај контејнерите и ќе влијае на подигнување на јавната свест.
– Апелираме до сите свои жители за одговорно и свесно однесување и правило користење на поставените контејнери. Само заеднички можеме да допринесеме кон подобрување на состојбата на животната средина и остварување на одржливи практики кои ќе имаат долготрајни позитивни ефекти.-потенцираат од ЈП Еремја .
Strugaonline

Facebook Коментари