Во возило на патот Струга-Дебар пронајдени 700 килограми прехрамбени производи без соодветна докуметација

- Локални
572

На 31-ви јануари 2021 година, во 21:00 часот, на регионалниот пат Струга-Дебар, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „Сеат Алхамбра“ со бугарски национални ознаки, управувано од страна на 46-годишниот Н.С. од Охрид.

– При преглед во возилото, пронајдени и одземени се 140 кутии со прехрамбени производи во вкупна количина од 700 килограми, без соодветна докуметација. По консултација со јавен обвинител, возачот и едно малолетно лице- сопатник во автомобилот, се приведени, а информирани се овластени лица од Државниот пазарен инспекторат и од Агенцијата за храна и ветеринарство. По целосно документирање на настанот, ОВР Дебар ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари