Во вторник Пиво Фест во Кочов сокак-Струга

- Локални
951

Во организација на угостителските објекти „Кочва маала“, „Винска куќа“, „Дуќан“ и жителите на улицата „Гоце Делчев“ во Струга, овој вторник (07.05.2024) ќе се одржи манифестацијата  „Пиво Фест“. Истата ќе започне во 11:00 часот, додека забавниот дел со жива свирка ќе започне после 18:00 часот веднаш после литијата.

„На фестивалот потврда за учество испратија неколку пивари од Македонија, освен добро пиво и вкусна храна, ќе има богата музичка програма.“ -информираарт организаторите.

Улицата ,,Гоце Делчев“веќе полека економско и културно се издигнува и веќе го доби својот епитет „струшка скадарлија“ (по примерот на далеку познатата Скадарлија во Белград, Србија), но и на градот Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари