VR experience corner за прв пат во Струга

- Локални
390

Новитет на годинешното издание на фестивалот Drim Short 2022 е VR  програмата која низ различни искуства ќе ни дозволи да влеземе во виртуелниот свет. Публиката ќе може да ужива во неколку холандски остварувања премиерно прикажувани на Венецискиот филмски фестивал со многу светски признанија.

,,Преку игри, филмови и интерактивни платформи, ќе се дружиме и откриваме со Да Винчи, ќе се дружиме со ангелите од Амстердам кои ќе не водат на патување низ времето, но ќе навлеземе и во светот на една бабичка чие секојдневие ќе се помести после еден невообичаен настан во нејзиниот двор. За прв пат на нашиот фестивал публиката ќе има можност да ја искуси моќта на новата технологија. Исто така со особена чест ја најавуваме и VR изложбата Traces на нашиот уметник Горан Ристовски,а продуцирана од PrivatePrint студио.,, -велат организаторите

Програмата на овогодинешното издание на Drim Short 2022 ги содржи четирите компетитивни програми и тоа регионална, интернационална, студентска и специјалната програма Соочување во минатото. И оваа година за селекцијата се погрижи Иван Бакрач, режисер од Србија, кој по 4ти пат ги селектира најдобрите кратки остварувања кои ќе бидат прикажани пред струшката публика. За прв пат оваа година филмските автори имаа можност да ги пријават и испратат своите филмови преку Film Freeway платформата и навистина сме задоволни од интересот и испратените филмови. Покрај редовната содржини, оваа година ќе има Festval Darlings програма, која ќе има исто така натпреварувачки карактер, а победникот ќе биде избран од публиката која ќе присуствува на настанот.

Гостинската програма на фестивалот оваа година е селектирана во соработка со Саревскиот филмски фестивал и ќе биде прикажана на четвртиот ден од фестивалот заедно со Festival Darlings.. Во текот на четирите филмски вечери ќе се одржат Q & A дискусии со авторите присутни на фестивалот, водени од модераторката Верица Недеска.  Покрај филмската програма, дополнителни содржини ќе бидат изложба на фотографии како и музичката ОФФ програма која секогаш е составен дел од фестивалот и ги продолжува филмските вечери до раните утрински часови.

Годинава во текот на фестивалот ќе се одржи работилницата Fund Ready  која е дел од Балканската филмска мрежа на краток филм, а на која ќе учествуваат млади автори од регионот.

,,Особено сме горди и на соработката со италијанската платформа Talents and short film market и работилницата TSFM Word Frame која ќе се одржи на крајот од месец август до почетокот на септември.,,-додаваат организаторите.

Strugaonline

Facebook Коментари